Македонија
25. December 2016 - 17:01

Расте интересот за интернет купување

Околу 63 милиони евра потрошиле за купување преку интернет до септември годинава. Поволните цени и бројните попусти најмногу допринеле за растот на интернет продажбите.

Поголем дел околу 73 отсто од направениот онлајн шопинг е од странските трговци. Просечната вредност на една трансакција е околу 900 денари кај домашните онлајн продавници, а над 2000 денари се трошат кога се купува од странските сајтови.

Според Д-р Нина Ангеловска експерт во областа, ова се должи пред се на малата понуда кај домашните трговци.

Пред 5 години само 1 % од населението купувало онлајн, а лани 19 отсто од граѓаните направиле интернет нарачки. За ова најмногу допринело отварањето на првиот сајт за групно купување.

Граѓаните од домашните сајтови дневно најмногу купуваат храна и пијалоци, а најатрактивна категорија за нив се патувањата. Ангеловска посочи дека расте интересот и кај постарите лица особено кај пензионерите за интернет купување.

Убедливо најпопуларна странска страница за интернет купување кај Македонците останува кинеската Али експрес, која врши директна испорака во Македонски пошти. Голем е интересот и за американскиот сајт Амазон, но засега нема директна испорака во земјава.

Во Македонија има околу 660 регистрирани интернет продавници, но сеуште нема официјална бројка колку од нив се активни.