-->
-->
Советот за безбедност на ОН ќе гласа за престанок на изградбата на израелските населби
-->

Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за резолуцијата со која ќе се бара прекин на изградбата на израелските населби. Четворица членови на Советот повторно ја предложија таа мерка, еден ден откако Египет ја повлече под притисок на Израел и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Нов Зеланд, Малезија, Венецуела и Сенегал, што исто така се предлагачи на таа резолуција, го побараа гласањето кое ќе се одржи денеска.
Советот, составен од 15 членови требаше да гласа вчера попладне, но западните претставници соопштија дека САД планираат да дозволат усвојување на резолуцијата, што претставува голем пресврт во традиционалната пракса за штитење на Израел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV: Светот е во длабока криза
-

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
-

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани
-

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов
-

Општина Кратово: Локалитетот „Куклица“ е узурпиран, се чека правосилна судска одлука
-

79-годишен Индиец починал во паркот „Жена борец“
-

Скопјанка со велосипед пропаднала во шахта на улица
-

Туск апелира до претседателите Навроцки и Зеленски да го решат спорот околу историските трауми меѓу Полска и Украина
