-->
-->
Во Маврово се работи напорно
-->
Машката ракометна репрезентација веќе неколку дена ги одработува подготовките за претстојното Светско првенство во Франција. На првите неколку тренинзи репрезентацијата работеше во некомплетен состав, а бројката е зголемена откако се приклучија поискусните, кои имаа и клупски обврски: Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Влатко Митков, а за денеска е најавено доаѓање и на Велко Маркоски. Последни ќе дојдат Филип Миркуловски и Дејан Манасков, кои со своите екипи во Бундес лигата имаат натпревари од редовното коло на 26.декември.
Селекторот Лино Червар деновиве има можност со играчите да работни на новитетите кои ги планира во играта на нашата репрезентација. Во Маврово ќе се тренира до 30.декември, а потоа ќе следуваат два слободни дена. Подготовките ќе продолжат во Скопје во СРЦ „Кале“, а на 3.јануари Македонија ќе одигра контролен дуел со Босна и Херцеговина. Со истиот ривал ќе бидат одиграни уште два натпревара, но од затворен тип.
Заедно со сениорската репрезентација на Македонија во Маврово на подготовки е и јуниорската селекција, која се подготува за натпреварите од квалификациската група за Светското првенство во Алжир 2017 година. Групата ќе се игра во Скопје, а ривали на Македонија се селекциите на: Полска, Португалија и на Турција. Натпреварите ќе се играат од 4 до 6.јануари 2017 година во СРЦ „Кале“ во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица