Анкета: ГЕРБ на Борисов со мала предност пред социјалистите

Ако сега се одржат парламентарни избори во Бугарија, најмногу гласови би добила десноцентристичката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на актуелниот бугарски премиер Бојко Борисов, покажуваат резултатите од телефонската анкета на агенцијата „Галуп“.
Како што јави БТА, според оваа анкета, за ГЕРБ би гласале 20,3 отсто од гласачите, но веднаш зад неа е опозициската Бугарска социјалиситчка партија (БСП) со 18,4 проценти.
Натаму следуваат националистичката коалиција Обединети патриоти со 10,1 отсто, партијата на бугарските Турци - Движењето за права и слободи (ДПС) со 6,3 проценти, Партијата на Веселин Марешки со 5,2 и конзервативната коалиција Реформски блок (РБ) со 3.3 отсто поддршка.
Сите останти партии уживаат поддршка помала од 1,5 проценти. Вкупно 21,7 отсто од анкетираните изјавиле дека нема да гласаат на следните избори, а 4,8 проценти рекле дека не поддржуваат ниту една партија.
Според „Галуп“, резултатите од анкетата покажуваат дека предноста на ГЕРБ пред БСП се топи, дека расте популарноста на „патриотите“ и на Веселин Марешки, а дека РБ се уште неможе да биде сигурен дека ќе го мине изборниот праг.
Анкетата е спроведена меѓу 19 и 21 декеври на примерок од 1.007 избирачи.
Бугарија ја очекуваат предвремени парламентарни избори на почетокот на претстојната пролет, откако ниту една партија не успеа да обезбеди мнозинство за фомирање нова влада по оставката на Кабинетот на Борисов кон средината на минатиот месец.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
