Хорор во затвор: Осуден убиец го заклал цимерот со жилет зошто го терал на секс

Осуденикот Рамиз Шариќ (34) во Казнено-поправниот затвор „Падинска скела“ со жилет е заклан вчера на спиење од страна на неговиот цимер Марко Јовановиќ (27) кој е осуден на максимална затворска казна поради двојно убиство - на девојката и на соседот.
Јовановиќ со жилет „бик“ на Шариќ му ја пресекол вратната артерија по што тој искрварил до смрт, иако стражарите дошле веднаш штом слушнале лелеци. Неговото тело е префрлено на судска медицина поради обдукција.
Мотивот за судирот се е уште е непознат, но она што го рекоа затворениците е дека Шариќ последните денови често физички и психички го мачел помладиот Јовановиќ. По затворските ќелии се шушкало дека наводно, Шариќ барал Јовановиќ сексуално да го задоволува, а овој не сакал. Меѓутоа тоа уште никој од затворениците децидно не го кажал во полиција. Натамошната истрага ќе ги открие мотивите зошто Јовановиќ ѕверски го убил цимерот, и дали постоеле судири меѓу нив како и тоа дали можело да се спречи убиството.

Убиецот Марко Јовановиќ е осуден во 2013 година во Ниш на 40 години затвор поради двојно убиство во нишката населба Дуваниште во октомври 2010. Марко смртни повреди со нож и нанел на Даниела Јовановиќ (27) и Александра Китановиќ (23) и изречена му е максимална казна предвидена со закон. Тој поранешната девојка Даниела со која се забавувал година ипол, ја убил во зградата во која живеел. Ја чекал скриен зад аголот на ходникот на првиот кат од зградата, кај лифтот, а кога таа тргнала да ја отклучи вратата, притчал и тогаш ја избодел со нож во градите и стомакот. Според зборовите на таткото на Даниела Славољуб, потоа заѕвонил на соседната врата на семејството Китановиќ, го викнал Александар да излезе и тогаш го избодел и него.
-Соседот Ацо го уби без никаква причина. Тој и Даниела пораснаа заедно, но не се дружеа многу. Ацо имаше девојка и свое друштво. Како први соседи, и тие го пријавуваат во полицијата кога насилниот Марко доаѓаше до станот на Даниела и ја вознемируваше, зошто слушаа галама и повици, рече Славољуб.
Од друга страна, Шариќ е повеќекратен повратник во Казнено-поправниот завод во Белград и издржувал речиси петгодишна казна за кривично дело тешка кражба. На издржување на казната затвор во КПЗ - Белград се наоѓал поради неприлагодено однесување, кое го покажал во затворот во Сремска Митровица, каде првично е упатен.
Во самица чека сослушување
Марко Јовановиќ (27) од Ниш откако го заклал цимерот легнал на кревет и се однедувал како ништо да не се случило. Тој потоа е затворен во ќелија, а денеска ќе биде сослушан кај обвинител заради тешко убиство.
Ново на Сител
-

Доминација на КБК Шампион Скопје - сила во сите генерации
-

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран
-

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите
-

Рекордна масовност на 1. Национално кикбокс првенство 2026 во Скопје – 441 натпреварувач од 29 клубови
-

Тошковски за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство, а сопругот бил апсен и имал криминално досие
-

Сиљановска-Давкова - Руте: Северна Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западен Балкан
-

Се работи на враќање на македонски граѓани од Израел, Обединети Арапски Емирати и Катар
-

Се проширува истрагата против дваесет и петгодишниот овчар од Старо Нагоричане
