Побарана истрага за руско финансирање на Марин Ле Пен

Американскиот републикански конгресмен Мајк Тарнер побарал од разузнавачките служби на САД да ги испитаат врските меѓу рускиот претседател Владимир Путин и лидерката на францускиот Национален фронт (ФБ), Марин Ле Пен, објави францускиот весник „Канар Еншене“.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, ваквите тврдења дека Москва можеби се меша во француските претседателски избори, доаѓаат откако Русија веќе беше обвинет дека го фаворизирала изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.
Според фтанцускиот весник, Тарнер, кој е член на Постојаниот комитет за разузнавање на Претставничкиот дом, на 28 ноември испратил писмо до директорот на американското разузнавање, кој ги координира активностите на 17-те американски разузнавачки агенции, барајќи од него да ја испита поврзаноста меѓу Путин и Ле Пен, која според анкетите на јавното мислење, ужива најголема популарност меѓу кандидатите за нов претседател на Франција.
Конгресменот од Охајо бара „дополнителни информации“ околу оваа „голема кампања“ предводена од Москва, која, според него, сака да „спроведе војна со информации против САД и други земји, чии интереси се спротивни од оние на Русија“.
Тој тврди дека Ле Пен побарала од Русија позајмица од 30 милиони долари, а за возврат се обврзала дека ако стане престедател на Франција ќе го признае Крим како дел од Русија.
Француската експертка за Русија, Сесил Весие, смета дека не ја изненадува ваквата можноста. - Ова е менталитетот и практика на КГБ да се купуваат луѓе и да се поставуваат пиони кои можат да бидат корисни, вели Весие.
Во врска со ваквите тврдење дека Ле Пане барала кредит од Москва, благајникот на ФН, Валеран Сан Жист во изјава за „Канар Еншене“ нагласува дека партијата нема „никакви посебни проблеми“ и дека „нема да дадеме ниту еден дополнителни детали“.
Според Тарнер, во 2014 година ФН веќе признал дека добил кредит во висина од 9,3 милиони евра од една руска банка „поврзана со Кремљ“. Позајмицата од Русија, Ле Пен ја правдаше со тврдењето дека француските банки одбиле да му позајмат пари на Националниот фронт.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
