Бизнис
19. December 2016 - 19:54

Откупени речиси 80% од годинешната реколта тутун

Целиот род на тутунарите ќе биде откупен и ниту еден килограм нема да пропадне. Како што информираат надлежните само една компанија не ги исполнила условите за да почне со откупот. Се прават преговори со другите откупувачи кои покажале интерес да ги превземат количините.

Откупот кај другите фирми се одвива без никакви проблеми. Досега се откупени околу 12 милиони килограми по просечна цена од 191 денар.

- Оваа откупена количина досега е исплатена во 81 проценти кон тутунопроизводителите. Согласно нашите информации како институција, откупот се одвива без проблеми и без ниту една пријава од страна на земјоделците, што значи дека се одвива во најдобар ред и по квалитативна и по квантитативна проценка. Како институција ќе го следиме целиот процес на откупот до последниот килограм тутун, рече Трипуновски.

Компанијата не го исполнила условот според кој мора да има доволно финансиски средства за исплата на тутунарите, поради што ќе биде избришана од Регистарот.

Се работи за околу 2 милиони килограми тутун.

Годинава жолтото злато е со одличен квалитет и се очекува да бидат откупени околу 20 милиони килограми.