Стоедногодишен Англичанец осуден за сексуално насилство врз малолетници

Судот во Бирмингем го осуди денеска 101-годишниот Ралф Кларк за сексуално заведување и насилство врз малолетници, извршено во текот на седумдсетите и осумдесетите години на 20 век.
Судската порота го прогласи Кларк виновен за дури 21 случаи на заведување и насилство врз две девојчиња. Тој самиот призна и девет обвинувња во врска со едно младо момче.
Кларк е роден 1915 година.Тој е поранешен припадник на британската воена авијација (РАФ) и бил стациониран во единица на Блискиот Исток. Подоцна има работено како камионџија.
Судијата во процесот изјави на крајот од судењето дека Кларк е толку стар што е малку веројатно дека тој ќе се врати во општествената заедница, во која живеел досега еден век, но и дека јавноста би била шокирна доколку тој не добие затворска казна.
Во текот на процесот не изразил никакво каење или сожалување на своите жртви, освен што рекол дека „тоа што се случило, едноставно се случило“.
Осудениот Кларк бил уапсен минатата година, откако две од неговите жртви го пријавиле на полицијата во Бирмингем. Тие го препознале својот силувач на Фејсбук, кога на интернет се појавила неговата слика со која одбележувал сто години од раѓањето.
На судењето, обвинителот побарал остра казна за обвинетиот, инсистирајќи дека неговата возраст не може сега да биде опрадување за сторените кривични дела.
Ново на Сител
-

Во Штип наврнале 18 литри дожд на квадратен метар, денеска услови за невреме и град
-

Американската воена операција во Иран досега чинела 37,5 милијарди долари, изјави шефот на Пентагон
-

УХМР издаде метеоаларм за невреме со град и ветер над 60 km/h
-

Над 8.300 повици на 112 во ЦУК по невремето
-

САД извршија нови напади врз Иран, Вашингтон остава отворена можност за дијалог со Техеран
-

Невреме во регионот - Гром усмрти околу 30 овци во БиХ, предизвикан и шумски пожар кај Макарска
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава
-

МВР: Во Скопје евидентирани 117 оштетени возила и 10 повредени лица
