Завршува проектот „Да одгледаме повеќе пченка“
Во општина Могила денеска ќе биде заокружен четиригодишниот проект „Да одгледаме повеќе пченка“ што го реализираше Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси.
Во периодот од 2013 до 2016 година Проектот на УСАИД за мали бизниси донираше 280 системи „капка по капка“ во Пелагонискиот, Полошкиот, Вардарскиот и Североисточниот регион и според последните проценки моментално има над 800 хектари пченка кои се наводнуваат со овој систем.
Со примената на овој систем, приносите на пченка се двојно или тројно поголеми и доколку овој тренд продолжи се очекува Македонија да произведе доволно пченка за целосно да го замени увозот на пченка до 2021 година.
Во моментот преку овој проект се создадени околу 900 работни места само на ниво на фармите.
Проектот „Да одгледаме повеќе пченка“ ќе биде затворен во рамки на земјоделскиот саем „Тракторијада“ којшто се одржува по вторпат во организација на општина Могила и Локалната акциона група Пелагонија со финансиска поддршка од УСАИД и Владата на Швајцарија. На саемот се очекува да се претстават 16 производители и дистрибутери на механизација, опрема и семенски материјал од Македонија.
Ново на Сител
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција
-
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер