-->
-->
Навивачките групи против Балканска регионална лига
-->

Навивачките групи од просторите на поранешна Југославија не сакаат клубовите за кои тие навиваат да играат во најавената регионална лига, која според непотврдени информации треба да стартува во 2018 година.
Навивачите на Партизан од Белград, Динамо од Загреб, Хајдук, Ријека, Железничар од Сараево, Олимпија од Љубљана го кажаа својот став дека се противат на таквата лига, а во средата навивачката група на Црвена ѕвезда, позната под името „Делије“ незадоволството го изразија прекинувајќи го за момент натпреварот помеѓу Радник и Црвена ѕвезда во српското првенство.
„И да ми понудат милиони, билиони, не би сакал да те играм Балканска лиго… Да живее Србија“, била пораката на навивачите кои потоа започнале да фрлаат пиротехника на теренот, поради што натпреварот бил во прекун околу пет минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
