Доделување награди од годинашниот литературен проект „Творам за Македонија“

Фондацијата „Никола Кљусев" денеска напладне ќе ги додели наградите од проектот „Творам за Македонија” наменет за основци и средношколци кој со поддршка на Министерството за култура го организира петта година.
Целта на проектот е да го поттикне творештвото, убавото изразување, креативноста и натпреварувачкиот дух на учениците од основните и од средните училишта во Македонија. Годинава тие пишуваа на темата „За тебе пеам, за тебе пишувам”.
- Жирито беше доведено пред сериозен предизвик да ги избере првите меѓу најдобрите, и одлучи да награди по пет најдобри творби од основните и средните училишта, соопшти Фондацијата.
Покрај дипломи и комплет книги, наградените ќе добијат и стипендии за школување: учениците од основните училишта добиваат стипендии за Приватното средно училиште САБА, а наградените средношколци добиват ваучер со 25 проценти попуст за студирање на Универзитетот „Американ колеџ“-Скопје.
Во изминатите четири години учениците составуваа стихови и прозни творби за татковината на темите: „Моето име, тоа сум јас“; „Јас и мојот град“; „Мојот јазик, тоа сум јас“ и „Мојата иднина ја создавам јас“.
Ново на Сител
-

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на „Пулс” и поврзаните фирми
-

Температури под нулата утрово на Попова Шапка и во Лазарополе, Берово и Маврови Анови
-

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата
-

Претседателката на косовското Собрание, Аљбуљена Хаџиу, во посета на Парламентот
-

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година
-

Трамп нуди награда од милион долари за секој што ќе пријави изборна измама во САД
-

Путелас и Кејн добитници на „Златната топка“ за 2026 година
-

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
