МЗШВ: За еден месец откупени над 10.000 тони тутун за просечни 190 денари по килограм

За еден месец од почетокот на откупот на тутунот (15 ноември), осум откупувачи заклучно со вчера откупија 10.323 тони тутун, односно повеќе од 50 отсто од очекувањата за годинашната реколта, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Просечната откупна цена е 190,80 денари по килограм, а според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, исплатата е реализирана со 70 отсто или досега се исплатени 1 милијарда и 372 милиони денари, стои во соопштението.
Од Министерството потсетуваат дека субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари за килограм, што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 250 денари за килограм тутун.
Инаку, според првичните проценки, во реколта 2016 се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор за откуп потпишаа 10 претпријатија, а крајниот рок за почеток на откупот на тутунот е 15 декември. Право на откуп на тутун има секое претпријатие кое претходно обезбедило средства за таа намена, а имајќи го предвид високиот квалитет на годинашниот род, интересот за откуп на „жолтото злато“ е многу голем, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
-

Медиуми: Трамп нарачува план за инвазија на Гренланд, воените претставници се спротивставуваат
