Дали семејството Чичаковски ја продолжува традицијата на фалсификување во корист на СДСМ?
Дали во Македонија продолжува традицијата на семејството Чичаковски со лажирани списоци да се одработува во нечија корист, пишува Република.мк.
Синот цврсто гази по стапките на татка си, но со поголеми амбиции од татка си – тој е подготвен со лажирани списоци да ги смени резултатите во целата држава, па наместо наместен градоначалник на Берово, да и подметне премиер.
Фалсификатите на Чичаковци

На локалните избори 1996 година Мацола е претседател на Општинска избирачка комисија Пехчево, каде прави фалсификат на изборите во село Црник во корист на СДСМ, за што во текот на 1996/97 во Фокус има цел серијал на прилози насловен како Фалсификат на избори во Пехчево.
Имено, Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ води со 300 гласа разлика, и се чекаат резултати само од село Црник, каде има информации дека и таму ВМРО води. Мацола ја напушта Општинската комисија и после некое време се врака со гласачките кутии и резултатите од Црник, каде СДСМ добил 400 гласа, а ВМРО само 4.
Комплетно целата фамилија Чичаковски се високи и истакнати членови на СДСМ во Берово.
Чичко му на Александар е бивш директор на комуналното претпријатие во Берово и се гони кривично за многу криминали што ги има направено.
Ново на Сител
-

Намален бројот на прегледи во Гостивар, засилени мерките против западнонилската треска
-

Опожарено возило во Скопје, сопственост на правно лице од Косово
-

Мицкоски: Законот за Скопје-Европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУ, за да нема сомнежи ќе биде ставен на јавна расправа
-

Мицкоски: Во понеделник ќе се прави анализа на цената на горивата, од Владата нема најава за укинување на Вториот пензиски столб
-

Безбедносна проценка: Најмалку 49.000 мигранти нелегално влегле во Сеута во последните денови
-

И покрај забраната, австралиски тинејџери и понатаму се на социјалните мрежи
-

Приведен 63 струмичанец кој предизвикал пожар во дворот и на улицата на која живее
-

Милиони луѓе во Европа изложени на загаден воздух поради шумските пожари

