Македонија
12. December 2016 - 20:46

Ромски семејства од Кавадарци останаа без покрив над главата

Две живеалишта изгореа во пожар кој избувна вечерва во ромската населба Тенеки маале во Кавадарци, кај Земјоделско-шумарското училиште „Ѓорче Петров“. 

Командирот на територијалната противпожарна единица Илчо Богевски информираше дека нема повредени и оти интервенирале со тројца пожарникари и две возила, а помогнале и двајца пожарникари со едно возило од „Кожувчанка“. 

- Засега со сигурност не можеме да кажеме за причините поради кои настанал пожарот. Вложивме натчовечки напори пожарот да не се прошири на останатите објекти од населбата, рече Богевски.