-->
-->
Посвои 47 деца, пееше пред Тито и Гадафи - Есма беше светска ѕвезда и секогаш се враќаше во родно Скопје
-->
Покрај светската слава и неверојатниот талент, Есма Реџепова секогаш велеше дека најголемиот успех во животот и е тоа што има 47 деца.

Кралицата на ромската музика која почина утрово на 73. годишна возраст, секогаш ќе ја паметиме по хуманоста и добрината.
Есма е родена на 8 август 1943 година, таа е петто дете од шесте на Чанија и Ибраим Реџепови. Се родила во мала куќичка во Скопје. Таткото Ибраим во бомбардирањето на Скопје во април 1941 година ја изгубил едната нога. Се обидел да ги прехрани четирите ќерки и двата сина како чистач на чевли, но бидејќи останал инвалид, некој постојано морал да му ја носи кутијата со бои и четки. Покрај другите браќа и сестри, и малечката Есма станала помошник на татка си. Но, наскоро го проширила „бизнисот“, па им помагала и на другите чистачи на чевли во Скопје. Таа била нивниот главен снабдувач со „репроматеријал“. Трчала до тогаш единствената работилница за производство на боја за чевли „ималин“ и набавувала за сите. Парите што чистачите и ги давале за автобуска карта, таа ги штедела за кино билет, а најчесто во набавки одела пеш.
Никогаш не се срамела од работата, ниту кога сиромаштијата го принудила деветгодишното девојче да чисти скали и да брише прозорци во домовите на имотните скопјани. Имала прекрасен глас секогаш широка насмевка и ведра природа. Нејзината мајка никогаш не запеала. Татко и Ибраим пеел, но само за своја душа, зашто пеењето по кафеани го сметал за недостоинствена работа. Неговата 13-годишна ќерка Есма била вљубена во песната, но тој всушност и не знаел дека таа веќе ја пленила публиката со својот глас, пеејќи песна во една театарска претстава и дека добила покана да учествува на меѓучилиштен натпревар во пеење во Сарај.
Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од првото музичко откривање на 11 март, благодарение на ангелскиот глас стана светски прифатена и призната, таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.
Таа пееше пред Тито, Гадафи, Ганди...но секогаш се враќаше во родно Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брнабиќ: Зад Србија останува неверојатно тешка година, се надевам дека 2026 година ќе биде понормална
-

Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на пешак на кејот на Вардар
-

Горивата поскапуваат за половина денар
-

ДИК го усвои конечниот извештај за Локалните избори 2025, одлуки и за подготовка на повторените локални избори во четири општини
-

Мајка ја однела ќерката во „Пулс“, нејзиниот малолетен син се спасил бидејќи полицијата го избркала надвор
-

Алиу: До мај ќе имаме нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража
-

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња
-

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а Џини индексот е првпат под 30 проценти во последните 30 години
