Хан во Црна Гора ќе разговара со претставници на власта и на опозицијата

Еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан денеска ќе ја посети Црна Гора и ќе се ќе се сретне со новоизбраниот премиер Душко Марковиќ и првите луѓе на опозициските партии, кои по октомвриските парламентарни избори го бојкотираат Парламентот.
Посетата на Црна Гора, втора откако во 2014 година беше именуван на должноста еврокомесар за проширување, Хан ќе ја почне со разговор со премиерот Марковиќ, а ќе продолжи со заедничка средба со лидерите на предизборната коалиција „Клуч“, Миодраг Лекиќ, Срѓан Милиќ и Жарко Ракчцевиќ, најави Делегацијата на Европската Унија Подгорица, а пренесе Танјуг.
Хан ќе има одвоени средби и со лидерот на Социјалдемократската партија (СДП) Ранко Кривокапиќ и со лидерот на Демократите, Алекса Бечиќ.
Посетата на Црна Гора ќе ја заврши со вечера со поранешниот премиер и лидер на владеачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ.
Хан во Црна Гора доаѓа непосредно по формирањето на новата влада чие лидерство Марковиќ го презеде од Ѓукановиќ. Посетата се реализира во ситуација кога комплетната опозиција го бојкотира Собранието бидејќи не ги признава резултатите од парламентарните избори, како и во момент на зголемен интерес на Русија за Балканот, посебно за Црна Гора, која се наоѓа на прагот на членство во НАТО.
Тој претходно порача дека бојкотот на Парламентот „не е зрело политичко однесување“.
По повод наводниот обид за тероризам на изборниот ден, Хан претходно од Црна Гора побара да покаже дека е во состојба да се носи со таквите настани на „транспарентен начин“ и во согласност со законот да го расветли случајот.
Од 2010 година Црна Гора е кандидат за членство во ЕУ. Предпристапните преговори беа отворени во 2012 година и до сега се отворени 24 од 35 преговарачки поглавја.
Ново на Сител
-

Фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 ја освоија титулата во македонското првенство
-

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот
-

Прва пресуда за злоупотребите на ИПАРД – 10 месеци затвор за обвинетата што призна вина
-

Реал до крајот на сезоната без повредениот Менди
-

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година
-

Притвор за лице од тетовско, му пронашле торба со марихуана
-

Гаши: Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава
-

Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жив сведок на вековната историја и најсилен израз на нашата културна и национална посебност
