Меркел повика на забрана за носење бурки во Германија
Германската канцекарка Ангела Меркел денеска повика на воведување на забрана за носење бурки во Германија, нагласувајќи дека таа поддржува општа забрана за прекивање на лицата.
- Прекривањето на лицата мора да биде целосно забрането, секаде каде што е тоа можно законски, изјави Меркел во обраќањето на Конгресот на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ), што се одржува во германскиот град Есен.
Ваквата изјава на Меркел, како што јавија германските медиуми, предизвика громогласен аплауз на присутните делегати и гости на Конгресот на ЦДУ.
Меркел натаму во своето обраќање нагласи дека е решена во својот став да не дозволи повторување на нов мигрантски прилив во Германија, сличен на оној од минатата година.
- Таква состојба не смее да се повтори. Тоа беше и остана наша и моја политичка цел, порача Меркел.
На Конгресот на ЦДУ се очекува Меркел да биде резибрана за лидер на партијата за наредните две години.
Иако Меркел е единствен кандидат за лидер на ЦДУ, гласањето сепак претставува тест за ставот на членството на партијата кон неа.
Во текот на претходната година, ЦДУ се соочи со тензии поради пристапот што го имаше Меркел кон бегалската криза, но и по низата лоши резултати на регионалните избори.
Германската канцеларка за телевизијата АРД во пресрет на Конгресот изјави дека очекува „пристоен резултат“. Таа пред две години доби поддршка од 96,7 отсто од делегатите, што претставува еден од нејзините најдобри резултати.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.