Сонуваме.Менуваме: Проект посветен на децата со посебни потреби од Стопанска Банка
Стопанска банка АД- Скопје го реализираше вчера новиот општествено одговорен проект под називот „Сонуваме.Менуваме“ посветен на децата од Македонија со посебни потреби и во знак на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, и посебни потреби.
Проектот е реализиран со деца од различни возрасти и со различни попречености, кои заедно со Калиопи и 5+ Фамилија настапија на сцената на МОБ за да ги претстават своите способности и креативен потенцијал. Банката за 250 деца од Македонија организираше транспорт и оброци за да можат да го проследат настанот, а за сите деца посетители на настанот обезбеди пакет подароци.
Стопанска банка во рамки на проектот изработи едукативни видео пораки кои ќе бидат споделени со училиштата ширум Републиката и ќе имаат за цел да ги поттикнат децата да развиваат емпатија и да им подадат рака на своите врсници.
Раководството на Банката потенцира дека ,,СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ.,, има за цел да ги нагласи предностите од различностите ,кои постојат во нашиот свет и на младите да им ги отвори видиците кон нив, но и начинот како да ги прифатат и заедно да создадат еднакви можности за сите.
На настанот беа соопштени и асоцијациите и проектите кои добија финансиска поддршка во вкупна вредност од 15,070.00 евра.
-
Марина Ристовска
Сите содржини од овој новинар
