Белградската берза членка на СЕЕ Линк

Белградската берза од денеска е активна членка на СЕЕ Линк, што ќе овозможи тргување со хартии од вредност од Србија преку оваа платформа.
Македонска берза информира дека ова е прва берза што се приклучи на СЕЕ Линк по неговото формирање од страна на трите берзи основачи - Загребската, Бугарската и Македонската.
- Оперативното поврзување со платформа СЕЕ Линк претставува важен ден за идниот развој и позиционирање на Белградската берза, како и регионот во целина. BЕЛЕX има за цел создавање локален и регионален пазар на капитал што ќе претставува комплементарен модел на финансирање на развојот на приватниот сектор и негова поголема визибилност преку презентирање интересни алтернативи за финансирање. Остануваме целосно посветени на создавање посилни врски меѓу реалниот сектор и пазарот на капитал - врска што се уште недостига во нашиот регион, вели извршниот директор на Белградската берза Синиша Крнета.
СЕЕ Линк системот за регионално пренасочување на налозите за тргување стана целосно оперативен на 1 април 2016 година. Двата индекса на СЕЕ Линк СЕЕ ЛинX и СЕЕ ЛинX ЕWИ беа лансирани на почетокот на април и се составени од 10-те најликвидни компании котирани на трите берзи основачи. Со пристапувањето нови пазари во СЕЕ Линк, во наредниот период се планира ревизија на индексите со цел да се обезбеди соодветна претставеност на сите инволвирани пазари на хартии од вредност.
Покрај BЕЛЕX, уште четири берзи се подготвуваат да пристапат кон СЕЕ Линк: берзите од Атина, Бања Лука, Љубљана и Црна Гора, и неколку други регионални берзи кои изразилe интерес за приклучување кон платформата.
Со пристапување на BЕЛЕX, СЕЕ Линк - системот за регионално пренасочување на налозите за тргување сега поддржува тргување на вкупно четири пазари, со пазарна капитализација од повеќе од 33 милијарди долари и речиси 500 акции со кои може да се тргува. Вкупно 27 инвестициски компании (брокерски куќи) се лиценцирани за тргување преку СЕЕ Линк. Дополнително, уште седум членки на Белградската берза се во постапка за добивање лиценца за тргување преку СЕЕ Линк.
Системот има за цел да се зголеми ликвидноста и да се подобри пристапот на инвеститорите и локалните брокери.
Ново на Сител
-

Белгија покрена судска истрага во врска со случајот со наводното „човечко сафари“ во БиХ
-

ФК Шкендија се правда: Не ги одбивме медалите, фудбалерите поради бучава не го слушнаа повикот на официјалниот спикер
-

Николоски: Ние сме единствена земја во регионот што отвара нови авио линии во најголемат авиокриза
-

Најстудено во Маврови Анови и Лазарополе, најтопло во Гевгелија
-

Регионална конференција „Граѓанска енергија: политики, практики и регионална размена“
-

Вознесение Христово - Спасовден
-

Брисел и Лондон го осудија односот на израелските власти кон приведените активисти за хуманитарна помош за Газа
-

Васоски: Заслужена победа, постигнавме гол во вистинско време
