Македонија
1. September 2015 - 16:33

СДСМ се врати во Пaрламентот

По петнаесет месеци поминати надвор од Собранието, опозицијата се врати во пратеничките столчиња. Опозициските пратеници 31 на број попладнево влегоа на службениот влез во Законодавниот дом. Нив ги придружуваше претседателот на партијата Зоран Заев, кој порача дека овој потег на социјалдемократите е чекор кон остварување на договорот од Пржино, но истакна дека обврската до 15 септември да се избере специјален јавен обвинител мора да се реализира.

Во спротивно договорот нема да биде валиден. Материјалите што ги поседуваме од прислушувањето на власта, нема да имаме кому да ги предадеме и ќе мораме да продолжиме да ги спроделуваме во јавноста

Од другастрана пратеничката група на владеачката ВМРО-ДПМНЕ ги пречека опозиционерите со пораката дека политичката борба се води во Собранието. Тие потенцираа дека додека опозицијата отсуствуваше од законодавниот дом биле донесени стотици закони во интерес на граѓаните на Македонија.

Нема да дозволиме Собранието на Република Македонија да биде орган кој ќе се занимава само и единствено со интересите на СДСМ или било која друга политичка партија. Нивните пратеници имаат обврска да бидат овде, да ја одработуваат својата плата, а не да бидат дел од сценарио за заштита на кариерата од одамна пропаднати политичари.

Димовски се надева дека опозицијата ја научи лекцијата дека со седење дома, неисполнување на своите обврски кон граѓаните, како и со континуирана недоследност во ставовите неможе да сметаа на поддршката на граѓаните.