Хан денеска во посета на Белград

Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан денеска во Белград ќе разговара со српските претставници и заедно со премиерот Александар Вучиќ ќе присуствуваат на церемонијата по повод потпишувањето на Финансискиот договор за поддршка на темелната трансформација на српската јавна управа.
Покрај Вучиќ, Хан ќе се сретне и со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, како и со студенти и претставници на академската заедница, пренесува Танјуг.
Договорот за поддршка од ЕУ за темелна трансформација на српската јавна управа е во вредност од 80 милиони евра, соопшти делегацијата на ЕУ во Србија.
Ова е прв договор за секторски реформи во Србија, а финансиран е од фондовите Инструмент за претпристапна помош (ИПА) 2015 година на ЕУ.
Документот, како што се наведува во соопштението на делегацијата на ЕУ, ќе го потпише министерката задолжена за европска интеграција во српската Влада Јадранка Јаксимовиќ и директорот за Западен Балкан во ЕК Џеновева Руиз Калавера.
Пред посетата, еврокомесарот Хан изјави дека „Србија припаѓа на семејството на ЕУ и прави голем напредок во превецот на нејзината стратешка цел, членство во ЕУ“.
Тој нагласи дека ЕУ на Србија и е најдобар партнер во областа на трговијата, инвестициите и финансискиот поттик во сите сектори.
- ЕУ нуди конкретна корист на граѓаните на Србија - за образование, работа, владееењето на правото, јавната управа, патиштата, мостовите и безбедноста на храната. Имам блиска соработка со Србија: заедно сме посили како партнери и пријатели во надминување на проблемите со миграцијата, невработеноста, безбедносните предизвици и во сочувувањето на мирот и стабилноста во регинот, наведе Хан.
Ново на Сител
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
-

Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон
-

Уапсен возач кој во Кичево удрил 60-годишен пешак и го повредил
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
