ОН: Прекинете ги борбите во источно Алепо пред да се претвори во масовна гробница
Источниот дел на сирискиот град Алепо може да стане една „голема гробница“, ако борбите не престанат и ако не се овозможи пристап за хуманитарните тимови за доставување помош, изјави координаторот за хуманитарни операции при Обединетите Нации, Стивен О’Брајан.
Итната седница на Советот за безбедност на ОН што се одржа вчера на иницијатива на Франција, сепак не донесе никаков резултат. Петнаесетте амбасадори заклучија дека се немоќни ништо да сторат, а одговорноста за тоа ја лоцираа кај Русија.
- Од саботата, Алепо го напуштиле 25.000 луѓе, Најверојатно ќе има уште илјадници бегалци, доколку фронтот се прошири, додаде О’Брајан, кој притоа нагласи дека само во вчерашниот воздушен напад загинале десетици лица.
- Ги повикуваме засегнатите страни, да направат се за да се заштитат цивилите и да се овозможи пристап до источно Алепо, пред тој реон да се претвори во една голема гробница, истакна тој.
Како одговор на сето тоа, американскиот, францускиот и британскиот амбасадор во Советот ја обвинија Русија дека го попречува изнаоѓањето решение.
Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин пак, ја нагласи „потребата од продолжување со противтерористичките операции“, обвинувајќи ги САД дека не прифатиле да се дефинира разликата и „да се одвојат умерените борци од терористите на Фронт ал Нусра“.
- Западот сака да ги спаси терористите и да ги искористи хуманитарните прблеми за политички цели, рече Чуркин.
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб