Ѓорчев: Од 2008 година се засадени 35 милиони дрвја во Македонија
Носителот на листата за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица, Владимир Ѓорчев учествуваше во денешната акција за пошумување над селото Сиричино во рамки на „Денот на дрвото“. Тој и неговите соработници засадија по една садница црн бор.
Тој посочи дека од 2008 година се засадени 35 милиони дрвја во Македонија, а само годинава дополнителни 2,6 милиони дрвца.
- Сумирано тоа значи 37 милиони засадени дрва во време на оваа Влада и оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата наспроти нула во времето на СДСМ. Исто така, предвидувме и 35 проекти со вкупна вредност од 240 милиони евра за заштита на животната средина, субвенции за набавка на печки и котли на пелети во висина од 30 илјади денари и субвенции до 70 отсто, како и носење гас во тетовско- гостиварскиот регион со што стопанските капацитети ќе бидат еколошки поприфатливи, цената на енергенсите пониска, стопанството покомпетитивно, нови работни места, а исто така ќе се овозможи поеколошко затоплување на домовите, рече Ѓорчев.
Додаде дека станува збор за сериозни проекти кои се во насока на зачувување на животната средина.
Ново на Сител
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ
-
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа
-
Последен ден од новогодишната кошница - Ќе се покачат ли цените на основните производи?
-
Дел од Стајковци без вода
-
Според СДСМ барањата на работниците се оправдани
-
Укината забраната за камиони на Плетвар