Проекција на „Среќна Нова ’49“ на реставрирана филмска копија

Кинотеката на Македонија вечер ќе прикаже новореставрирана копија на филмот „Среќна Нова ’49“ кој по сценарио на Гордан Михиќ и во режија на Столе Попов е снимен пред 30 години во продукција на „Вардар филм“.
Скопската премиера била на 6 октомври 1986 во тогашното кино „Вардар“, откако на 33. Филмски фестивал во Пула филмот ги освоил главните награди (Златна арена), што дотогаш било најголем успех на македонската кинематографија.
- Триумфот на овој филм на смотрата на југословенски играни филмови беше дочекан еуфорично во Македонија, но таа еуфорија од почетокот на неговото прикажување се покажува оправдана и по 30 години. „Среќна Нова ’49“ не заврши како филм што го искористил моменталниот политички миг, туку остана филм со трајни естетски вредности, соопшти Кинотеката на Македонија.
Филмот раскажува приказна за распаѓањето на едно семејство во турбулентниот повоен период оптоварен од резолуцијата на Информбирото, што придонеле до раскинување на врските на Југославија со Советскиот Сојуз. Дејството на филмот започнува во јуни 1948 година кога група југословенски студенти на школување во СССР, по несогласувањата меѓу двете земји се враќаат дома.
Улогите ги играат: Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ, Петар Арсовски, Мите Грозданов, Душко Костовски. Проекцијата на новата дигитално реставрирана филмска копија ќе биде во присуство на дел од екипата на филмот
Ново на Сител
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
-

Судскиот совет ја почна седница за имунитетот и куќниот притвор на судијата Ѓоко Ристов
-

Лажни СМС пораки за казни од „Безбеден град“, МВР апелира на претпазливост
-

МЗ: Првпат се регулираат сите никотински производи со новиот предлог-закон за заштита од пушењето
-

Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување
