Мавровско Езеро и Радика порибени со 15 илјади парчиња поточна пастрмка
Вработени во националниот парк „Маврово“ денеска извршија порибување на Мавровско Езеро и долниот тек на реката Радика со петнаесет илјади парчиња поточна пастрмка.
Парчињата со тежина од околу 5 грама денеска беа пуштени по долината на Радика на местата Сенечки ливади, Состав на река и езерото „Камп“ и браната во селото Леуново.
Како што информираа од НП „Маврово“, рибниот подмладок од видот Salmo faroides е набавен од репродуктивниот центар „ШУМ“ од Струга со кој паркот има повеќегодишна соработка.
- Вклучувајќи го денешното порибување, во водите на Националниот парк „Маврово“ изминативе осум години се пуштени 290.000 парчиња поточна пастрмка што претставува доказ дека паркот се грижи за рибниот фонд и постојано превзема мерки за негово зголемување. За заштитата и зачувувањето на рибниот фонд во Националниот парк Маврово се грижат 17 лиценцирани рибочувари вработени во паркот, информираат од НП „Маврово“
Според програмата за работа на паркот, овие активности ќе продолжат од која се очекува зголемување на рибниот фонд што ќе придонесе за развој и унапредување на спортскиот риболов како една од активностите за развој на туризмот.
Ново на Сител
-
Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан
-
Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година
-
Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси
-
Затворени училиштата на неколку грчки острови поради невремето
-
Најмногу дожд во Берово и Виница, врнежите продолжуваат и денеска
-
Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи
-
Свечена изјава на новите судии од Академијата за судии и јавни обвинители пред Судскиот совет
-
Денеска е први април – Денот на шегата