Конференција: Неопходна поголема информираност за Вилсоновата болест

Специјалисти-професори од Бугарија, Србија и Македонија, како и професори од универзитетскиот клинички центар од Виена, Австрија, водечки експерти од областа, учествуваат на дводневната регионална конференција за Вилсонова болест што ја организира Здружение на граѓани „Вилсон Македонија“.
Целта на конференцијата е запознавање на јавноста со Вилсоновата болест, нејзиното лекување, последици..., за подобро справување. Крајниот резултат ќе биде изработка на концепт за регионална платформа за поддршка на лицата со Вилсонова болест.
Излагања имаат и лекари од клиничките центри во Македонија, пациенти од земјава и од регионот, како и од сродните пациентски организации - Бугарска асоцијација за Вилсонова болест и Хуманитарно здружение Вилсон – Србија.
Вилсоновата болест е ретко, генетско метаболно нарушување кое се карактеризира со неможност на организмот за исфрлување на вишокот бакар од организмот. Засега во Македонија има такви 20 пациенти. Ако болеста не се лекува, може да заврши фатално. При навремено откривање и редовна, доживотна терапија, пациентите би можеле да имаат нормален живот, со минимални диететски рестрикции.
- Недоволното знаење и искуство за дијагностика и третирање на Вилсоновата болест од страна на нашиот медицински персонал се главните проблеми за успешно и навремено справување со болеста. Како последица од лимитираната можност за дијагноза, во голем дел и поради недостигот од соодветни реагенси за потребните испитувања, неретко пациентите грешно се дијагностицираат и непотребно се третираат за други заболувања, информира „Вилсон Македонија“.
Пациентите, пак, кои имаат дијагноза, се соочуваат со недостиг од информации и потребна поддршка од медицинските лица, како и непостоење на стабилен систем за следење на болеста и ставање под контрола.
Конференцијата е финансиски поддржана од Град Скопје.
Ново на Сител
-

СВР-Струмица поднесе кривични пријави против три лица за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“
-

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
-

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
