Девет бизарни работи кои вашето тело ги прави, а вие тука ништо не можете
Човековото тело е многу сложена „машина“ кое во целост тешко може да го разберат дури и експертите.
Меѓу другото, тоа е способно да се брани од различни „напади“ 24 часа дневно, со помош на различни одбрамбени механизми кои често дури не ги препознаваме како такви.
На овие девет работи кои вашето тело самоволно ги работи, вие обично не можете премногу да влијаете, но знаете ли зошто воопшто тоа се случува?
1. Прозевање - експертите велат дека човекот зева во ситуации кога нашиот мозок доживува „преоптоварување“, односно кога „ќе се прегрее“. Зевањето придонесува за „ладење“.
2. Кивање - причини се алергени, микроби, прашина и други иританти напади, а кивањето е метод со кој чоечкото тело се ослободува од тоа „ѓубре“.
3. Протегнување - По будењето, а понекогаш и во текот на денот, телото автоматски посегнува по протегнување на мускулите, со цел да се подобрат циркулацијата и расположението.
4. Икање - икањето обично се јавува откако ќе се проголта преголемо парче од храната, набрзина се јаде некој оброк или поради прејадување, што го иритира пнеумогастричките нерви. Тоа директно влијае на желудникот и дијафрагмата, што резултира на икање.
5. Рефлексно движење додека тонете во сон - тоа движење е целосно рефлексно и многу чудно, како некој неочекувано да ве стресе со струја, но во прашање се спазми до кои доаѓа додека тонете во сон. Имено, наеднаш се успорува дишењето и пулсот, а мускулите се опуштаат. Мозокот тоа го доживува како потенцијална закана, па со рефлексни движења настојува да ве оддржи будни.
6. Збрчкана кожа на прстите - сите знаат дека ова се лучува кога кожата подолго време е изложена на поголемо количество влага, но помалку е познато дека телото така автоматски се обидува да спречи да не се лизнете. Кожата веднаш се прилагодува на новите, влажни услови со цел полесно би можеле да се фатите за мазната површина.
7. Губење на помнењето - тоа често се случува кај трауматични искуства. Тоа нашиот мозок не брани од непријатни сеќавања со бришење на она што би можело да ни наштети.
8. Ежење - човечкото тело се наежува за да го намали количеството на топлина која кожата ја отпушта низ порите, а се со цел полесно да се загрее.
9. Солзи - освен за заштита на мембраната на окото, експертите веруваат и дека солзите се и „емоционална одбрана“. Всушност, во однос на болката и стресот телото автоматски ги активира солзите за да се пренасочи вниманието од основната непријатност која се чувствува.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани
-
Трамп: Русија треба да се размрда
-
Нова фаза за Сојузот на економисти на Македонија: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици
-
Тројца од повредените во Кочани отпуштени од болниците во Пловдив и Варна
-
Таткото на Вања одби да одговара на прашањата за Палевски
-
Касами: Убеден сум дека Влен и на локалните избори ќе оди заедно и ќе го покаже тоа што го покажа на парламентарните
-
Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, правни субјекти работеле без лиценца или не исполнувале минимално технички услови
-
Ѓорчевски: Не видов конкретни чекори за пронаоѓање на Вања