Македонија
31. August 2015 - 16:19

Со нови инвестиции се подобрува животот во Дојран

Значително се олеснува  комуникацијата помеѓу населбата Николиќ и Нов Дојран. Премиерот Никола Груевски вчера го означи почетокот на градежните работи на реконструкцијата на магистралата Николиќ – Нов Дојран за што владата обезбеди 1,4 милиони евра.

Во наредните шест месеци целосно ќе се реконструираат шест киломентри пат кој секојдневното но гористат локалните жители, но и фабриката “Дојран стил“ која е еден од најголемите работодавачи во овој регион. Со реконструкцијата се решава долгогодишен горлив проблем на граѓаните, истакна Груевски.

Премиерот Груевски соопшти дека Владата издвоила уште 15 милиони денари за асфалтирање на неколку локални улици во Дојран. Ќе се издвојат и 3 милиони денари за нов колекторски систем долж дојранското езеро, а во Нов Дојран ќе се исградат плоштад, затворен и отворен пазар за кои владата ќе издвои 16 милиони денари.

Во насока на подобрување на туристичката понуда е и проектот за изградба на околу 2 километри плажи на брегот на Дојранското езеро. Како што напоменав и минатиот пат градежните работи се веќе во тек и во рамките на истите ќе биде изградена и 100 метарска плажа во Николиќ. Кон овие проекти спаѓа и изградбата на комбинирана пешачко-велосипедска патека околу езерото долга 5,4 километри која ќе биде готова до крајот на годината, истакна Груевски.

Дојранчани не го криеја задоволството од новиот локален пан и останатите проекти.

Според жителите на Дојран, бисерот на југот од Македонија полека го враќа својот сјај, а новите инвестиции освен што ќе ги подобрат нивниот живот ќе значат и уште поголемо заживување на туризмот.