Претставување македонски дела на Остен Биенале на цртеж Скопје 2016

Во рамки на Официјалната програма на Остен Биенале на цртеж Скопје 2016, денеска ќе бидат претставени автори од Македонија. Тоа ќе биде прва од двете последователни поставки посветени на македонските автори.
Ќе бидат изложени дела на: Андријана Ананиева, Родољуб Анастасов, Невзат Кица Бејтули, Ерина Богоева, Томо Бундевски, Илина Цветкова, Анка Данаиловска, Владимир Георгиевски, Хајруш Исени, Цане Јанкуловски, Мице Јанкуловски, Петра Јовановска, Сарита Конеска, Ване Костуранов, Мирјана Крстева-Масети, Павле Кузмановски, Росица Лазеска, Андријана Мациев, Петронија Макавеева, Дејан Марков и Доне Миљановски.
- Тие ја збогатија програмата на овогодишното издание на Остен Биенале на цртеж Скопје 2016 преку нивните нови и автентични стилови на експресија, станувајќи на овој начин дел од интернационалната мрежа на уметници чиишто дела влегуваат во колекцијата на Остен, соопшти Остен.
Нивните дела може да се посетат во Галерија Остен секој работен ден од 9 до 17 часот, а во сабота од 10 до 13 часот.
Ново на Сител
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
