Ќе се руши мостот кај Зрновци за да се изгради нов

Механизација на компанијата „Гранит-Фресине“ од денеска ги почна активностите за расчистување на теренот околу мостот на реката Брегалница кај Зрновци, за негово рушење и изградба на нов мост.
Се сечат дрвјата околу мостот, се отстранува железната ограда и дел од потпорните ѕидови. Мостот веќе е забранет за сообраќај, а жителите од и кон Зрновци поминуваат по новото алтернативно решение, кое е изградено со пропусти на реката Брегалница, на стотина метри јужно од мостот.
- По долги најави, денеска ги почнавме активностите за рушење на стариот мост на реката Брегалница, кој страдаше во поплавите минатата година во февруари. На негово место ќе биде изграден нов современ мост во должина од 100 метри и широчина од 8 метри, изјави градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков.
Финансиските средства за изградба на мостот од 45 милиони денари се обезбедени од ЕУ фондовите за санација на штети од поплавите, имплементирани преку УНДП.
Според Станков, мостот се очекува да биде завршен до средината на идната година.
За жителите од Зрновци и неколку населени места од оваа општина и понатаму важат алтернативните патни правци преку Виница, кон Кочани и преку Мородвис,Теранци и Облешево.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
