-->
-->
Целосно обновено музичкото училиште во Прилеп
-->
Вкупно три милиони денари чинеше комплетната реконструкција на основното музичко училиште „Ордан Михајлоски Оцка“ во Прилеп чие заокружување денеска беше пригодно одбележано. Средствата ги обезбеди Општината, а, како што соопшти градоначалникот Марјан Ристески, обновата се случува првпат по 93 години.
- Училиштето доби обновена зграда, одлични услови за работа што ќе бидат стимул за талентираните ученици, рече Ристески.
Директорот на училиштето Игор Николоски додаде дека се направија големи зафати. - Проектот опфати комплетна промена на три нови плочи, на целата електрична инсталација и внатрешната столарија, како и реконструкција на скалилата. Со него се реши еден децениски проблем кој го имаа учениците и наставниците, истакна Николоски.
Во периодот додека се вршеа зафатите, два месеца наставата се изведуваше во други училишта и простории. Но, од денеска, напомена Николоски, наставата продолжува тука, непречено и поквалитетно.
За потребите на училиштете, неодамна беше набавено и концертно пијано, инвестиција вредна 1,2 милиона денари, а парите беа обезбедени од локалната самоуправа и од донатори.
Во „Ордан Михајлоски Оцка“ настава посетуваат 410 ученици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице