Македонија
30. August 2015 - 19:30

Реконструкција на регионалниот пат Мокрино - Смолари

Над 4 милиони евра ќе одвои државата за проекти од огромно значење за Струмица и струмичко. Регионалниот пат Мокрино Смолари, системот за водоснабдување, нов објект на министерството за финансии како и нова детска градинка се проектите на чија реализација вчера присуствуваше премиерот Груевски. Граѓаните се презадоволни со коментари дека Владата не ја заборава Струмица и струмичко. Во  Ангелци беше пуштено во употреба тениското игралиште за кое што се инвестирани 12 милиони денари.

Во Босилово премиерот го посети домот за култура кој што се реконструира. За таа намена се издвоени 5 милиони евра. Жителите на Моноспитово пак добија градинка во која ќе се сместат 40 деца. За неа се инвестирани над 5 милиони евра.

Тениско игралиште по најсовремени стандарди наменето за помладите и постарите генарации беше пуштено и во Ново Село.

Премиерот на крајот од набиената агенда го означи почетокот на градежните активности на регионалниот пат Мокрино Смолари. Патот е од огромно значење не само за поврзување на жителите туку  и за развој на руралниот туризам

Туристите ќе можат за пократко време да стигнат до туристичките локалитети во овој дел.

За патниот правец Мокрино Смолари ќе бидат инвестирани 1,6 милиони евра.