Свет
16. November 2016 - 8:29

Средба на кубанскиот шеф на државата Раул Кастро со Џастин Трудо

Кубанскиот шеф на државата Раул Кастро и канадскиот премиер Џастин Трудо имаа состанок на кој биле разгледани билатералните односи.

Средбата била зад затворени врати во рамки на дводневна посета на Трудо во Куба.

Кубанскиот лидер и канадскиот премиер разгледувале можности за подобрување на билатералните врски со соработка во различни области, јавија локални медиуми.

Трудо денеска ќе има средби и со други високи претставници на власта на Куба и ќе има говор во Универзитетот на Хавана. Од Куба, Трудо заминува во посета на Аргентина.