По 50 години работа и 200 филмови, Џеки Чен конечно доби Оскар
Кога Џеки Чен пред 23 години ја видел наградата Оскар во домот на Силвестер Сталоне, си ветил себе си дека еден ден и тој ќе има негова златна статуетка.
Кинескиот актер и мајстор на боречки вештини, конечно на свеченост во саботата ја доби оваа престижна награда, во форма на почесен Оскар за придонес во филмската уметност.
- По 56 години во филмската индустрија, повеќе од 200 снимени филмови, исто толку скршени коски.. Конечно, изјави 62-годишниот Чен на гала вечерата во Лос Анџелес, цврство држејќи го во рацете неговиот Оскар.
Тој му заблагодари на неговиот роден Хонг Конг, кој го направил „горд Кинез“ и на неговите обожаваели, велејќи дека тие се причината поради која тој „продолжи да снима филмови, да скока низ прозорци, да тепа и да прима удари и да крши коски“.
Американската академија на филмска уметност на годишната свеченост почесни Оскари додели и на британската филмска уредничка Ен В. Коатс, кастинг директорката Лин Сталмастер и на документаристот Фредерик Вајсман.
На ова престижно случување прсуствуваше речиси целата холивудска елита, вклучувјќи ги Дензел Вашингтон, Лупита Нјонго, Никол Кидман, Ема Стоун, Рајан Рејнолдс, Ејми Адамс и Дев Пател.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата