Бизнис
13. November 2016 - 17:11
По две децении тур операторите од Иран се враќаат во Македонија
После повеќе од 20 години Иранските тур-оператори во посета на Македонија. Земјава е атрактивна туристичка дестинација за нив но, визната бариера е најголема пречка за подлабока соработка, посочуваат од Стопанската комора за туризам. Велат дека и операторите од Кина, Јапонија и Кореја го имаат истиот проблем кој се надеваат дека ќе се реши во иднина.
Ристевска посочи дека иранските гости биле воодушевени од земјава. Биле во посета на Вевчани, а голем интерес покажувале и за Александар Македонски.
Иако има благо зголемување на бројот на ноќевања кај домашните туристи Ристевска смета дека септември во однос на истиот месец лани пораснал за 6,1 %, а бројот на ноќевања е зголемен за 7 отсто.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
