В недела пренасочување на сообраќајот во центарот на Скопје
Поради одржувањето на традиционалната Атлетска улична трка во централното градско подрачје в недела во период од 16 до 17:30 часот затворена за сообраќај ќе биде делницата на улица „Филип II Македонски“, почнувајќи од крстосница со улица „Мирче Ацев“ до улица „11 Октомври“, улица 11„Октомври“ од крстосница со улица „Филип II Македонски“, преку улица „Димитрие Чуповски“ до крстосница со улица „Даме Груев“.
Како што информираат од Град Скопје, автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 50, 57, 59 од булеварот „Крсте Мисирков (Битпазар)“ ќе се движат право по булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), улица „Св. Кирил и Методиј“ (поранешна Мито ХаџиВасилев Јасмин – Рамстор) и ќе продолжат по својата траса. Во обратна насока ќе се движат по улицата „Даме Груев“ (позади Собрание на Р.М.), улица „11 Октомври“, булевар „Кочо Рацин“ и продолжуваат по своите траси.
Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 3, 4, 4А, 5, 7, 15, 15А, 21, 22, 24, 25 и 28 ќе се движат по булеварот „Кочо Рацин“, улица „Св. Кирил и Методиј“ (поранешна Мито ХаџиВасилев Јасмин – Рамстор) и продолжуваат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по улицата „Даме Груев“ (позади Собрание на Р.М.) и продолжуваат по своите траси.
Автобусот на линија број 16 од булеварот „Крсте Мисирков (Битпазар)“ ќе се движи по булеварот „Кочо Рацин“ (Југодрво) и ќе продолжи по своја траса и тоа во двете насоки.
Од Град Скопје ги молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови