Македонија
10. November 2016 - 16:33

Отпечатен прв водич на Брајово писмо

Промовиран е првиот Специјален каталог-водич   отпечатен на Брајово писмо наменет за  слепи и слабовидни лица , во издание на Спомен домот Мајка Тереза.

Министерката за култура  истакна дека ова е втор проект на Спомен-домот на Мајка Тереза кој им е наменет на лицата со посебни потреби.     

Ова издание ќе овозможи слепите лица да осознаат повеќе за животот и делото на светицата Мајка Тереза-потенцира Жарко Селковски.

Каталогот е отпечатен со финансиска поддршка од Министерството за култура,  а  бесплатно ќе им биде даден на сите посетители на Спомен домот  со оштетен вид, и на библиотеките  и училиштата .