Германија создава „кибер армија“
По зачестените закани за кибер напади и обвинувањата дека Русија по примерот во САД ќе нападне на дигитални цели во пресрет на германските федерални избори закажани за идниот септември, Германија ќе создаде „кибер армија“, јави дописникот на МИА од Берлин.
Еден од сегментите на новата стратегија на германската Влада е единицата за брза реакција наречена Мобилен тим за одговор на инциденти (МИРТ), кој ќе биде дел од федералното Агенција за информативна безбедност. Негова цел ќе биде да превенира напади на властите и да ги помага мобилните оператори.
Дополнително ќе бидат формирани и тимови во рамки на сојузната Криминалистичка полиција (БКА) и разузнавачката Агенција за заштита на уставноста (БФВ).
Според анализите на службите за безбедност, Германија од крајот на минатата година се соочува со се поголема опасност од кибер напади. Потенцијални цели на вакви нападни не се само државните институции, туку и компании и болници.
- Кога ИТ системот во фирмите, болниците или админстративните згради е исклучен се додека за повторно вклучување не се плати откуп, ние мора да интервенираме одлучно и ефикасно, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер, според кого опасноста од кибер напади е уште поголема кога нивна цел се „процесите на демократско одлучување“, алудирајќи на можен напад поврзан со федералните избори.
Германија минатите години се соочи со неколку сериозни кибер напади при кои цели беа Бундестагот, но и една атомска централа. Најголемиот број напади на светско ниво доаѓаат од Русија и Кина, смета министерот Де Мезиер.
Посебен проблем со кој се соочуваат германските власти се т.н.„социјални ботови“, односно софтверски роботи кои ги користат социјалните мрежи за да наметнат одредени информации или дезинформации. За нив сеуште нема целосна легислатива, а партијата Алтернатива за Германија (АФД) веќе најави дека ќе ги користи во текот на кампањата за федералните парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување