Охрид го прослави Денот на ослободувањето

Со низа свечлености и манифестации Охрид денеска го одбележа Денот на ослободувањето на градот од фашистичката окупација во Втората светска војна.
Свеченостите започнаа со положување цвеќе пред спомениците на загинатите партизани во ослободувањето на градот, поставени на повеќе локации низ Охрид.
По пвоод празникот се одржа и Свечена седница во големата сала на општина Охрид, каде пред присутните преживеани борци од НОБ, претставници на политичките партии и здруженија на граѓани, се обрати градоначалникот Никола Бакрачески.
- Седумдесет и две генерации растат во слободна Македонија и слободен Охрид, благодарение на хероите од епската четиригодишна Народно-ослободителна борба. Дозволете ми во името на општина Охрид и во свое лично име да искажам неизмерна благодарност за нивното херојство, саможтрва и визија за слободна Македонија и посебно кон оние кои учествуваа во непосредните борби за ослободување на Охрид. Имињата на Јасна Ристеска, Вељан Најдовски, Момчило Јорданоски, Петре Секулоски, Јоне Дескоски и уште плејада млади партизани кои ги положија своите животи за слободен Охрид, се вечно врежани во колективната меморија на охриѓани, како едни од најголемите херои кои ги дал овој град во својата историја, истакна во своето обраќање Бакрачески.
Свеченоста продолжи со врачување на Благодарница на градот Охрид на познатиот адвокат Тома Фила за неговиот личен придонес во афирмација на нашиот град.
Заблагодарувајќи се на признанието, Фила истакна дека е горд Македонец во Белград, а со Охрид неразделно е поврзан повеќе од 60 години.
- Навистина сум почестен со ова призние кое искрено многу ми значи бидејќи доаѓа од Охрид и охриѓани. За мене Охрид и најубавото место на светот или ако го парафразирам големиот поет Хорхе Падрон – Охрид е Божја солза радосница од кога Бог видел каква убавина креирал на земјата, забележа адвокатот Фила.
Свеченостие беа заиокружени со предавање во употреба на реконструираните и реновираните простории во централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“.
Ново на Сител
-

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена и во 2026 година, фокусот на лековите за кардиоваскуларни заболувања
-

Германските фудбалски клубови казнети со 12 милиони евра
-

Јаневска: Најмалку 60 проценти покачување на платите за наставниците во четири години, доколку дозволи буџетот ќе има и повеќе
-

Сопственик на сервис лоциран до „Пулс“ сведочеше за реновирањето и пожарот во дискотеката
-

Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства, уапсени две лица, од кои едното е полициски службеник | ВИДЕО
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид
-

Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
-

Општина Аеродром: Интензивни контроли и мерења за прекумерната бучава
