Тачи: Потребна е реформа на изборниот систем во Косово
![]()
Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска изјави дека е потребно да се спроведе изборна реформа за да се обезбедат услови да се сменат и подобрат, како што ги нарече, „изборните деформации“.
По состанокот со лидерите на политичките пармалентарни партии во Косово, Тачи изјави дека тоа бил консултативен состанок за почеток на процесот изборни реформи.
Како што беше и најавено, состанокот го бојкотираа претставниците на движењето Самоопределување, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово, додека присуствуваа премиерот на Косово и лидер на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа, заменикот претседател на Демократската партија на Косово Енвер Хоџај, претседателот на Партијата на правдата Ферид Агани, Авни Кљинаку од Движењето за обединување, претседателката на Централната изборна комисија Ваљдете Дака и претставник на Алијансата Ново Косово.
Теми на разговорот беа начинот на избор на претседател на државата, дефинирање на големината на изборните единици, затворени или отворени изборни листи, промена на изборниот праг и прочистување на избирачкиот список.
- Има недостиг во сегашниот изборен систем. Преминувањето од една изборна во повеќе изборни единици бара промена на Уставот. Мислам дека Косово треба да продолжи со системот отворени листи за пратеници, објасни Тачи. Според неговата проценка, изборниот праг може да остане пет отсто, но и да се промени доколку тоа го побараат останатите политички партии.
Тој рече дека се разговарало и за намалување на бројот на пратеници од сегашните 120 на 100 и обезбедување по еден пратенички мандат за припадниците на црногорската и хрватската национална заедница.
Премиерот на Косово Иса Мустафа изјави дека од изборните реформи корист ќе имаат сите партии, бидејќи изборниот процес ќе стане поедноставен, а ќе бидат оневозможени неправилности. Воедно тој се заложи за намалување на процедурата во локалните избори.
Мустафа додаде дека е потребно да се процени дали министрите во Владата на Косово треба да ги задржат пратеничките мандати, бидејќи досега изборот за министер автоматски подразбираше оставка на местото пратеник.
На состанокот кај претседателот на Косово присуствуваа и претставници на Амбасадата на САД, Канцеларијата на ЕУ и ОБСЕ.
Ново на Сител
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
-

Двајца од седумте хоспитализирани со западнонилска треска се во критична состојба, за уште тројца други се чекаат резултати
-

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Теодора, мајка на 18-месечно бебе, се бори со рак – потребни се 3,4 милиони денари за лекување
-

Нетанјаху призна дека опаѓа поддршката за Израел во САД, вината ја гледа во социјалните мрежи
-

Вучиќ: Изборите ќе бидат распишани согласно Уставот и интересите на граѓаните на Србија
-

Мицкоски до Филипче: Со вас бевме на врвот по бројот на починати во корона кризата
-

ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево, под контрола пожарот кај Кавадарци
