Членовите на новата шпанска Влада положија заклетва
Членовите на новата шпанска Влада денеска на церемонија во кралската резиденција „Сарсуела" положија свечена заклетва пред кралот Фелипе Шести, јави ТАСС.
Вчера премиерот Маријано Рахој го објави составот на неговиот нов кабинет, во кој има пет жени - една повеќе од 2011 година. Освен тоа, во владиниот тим има шест нови лица. Рахој ги смени министрите за внатрешни, надворешни работи и за одбраната.
Втор човек во кабинетот ќе остане Сораја Саенс де Сантамарија.
Шеф на дипломатијата е Алфонсо Дастис Кеседо, поранешен постојан претставник на Шпанија во ЕУ. Нов министер за внатрешни работи пак, е Хуан Игнасио Соидо Алварес, кој до 2015 беше градоначалник на Севиља. За министер за одбрана е назначена Марија Гарсија, досегашен генерален секретар на владејачката Народна партија на Рахој.
На 29 октомври Долниот дом на шпанскиот Парламент на второто гласање ја потврди кандидатурата на Рахој за премиер.
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено