Ракомет
28. August 2015 - 14:55

Попладнево започнува женскиот ракометен турнир „Вардар 2015’’

По натпреварите на машкиот дел од меѓународниот турнир на РК Вардар 2015-та денеска до вторник во сала Јане Сандански, ќе се одржи и првиот турнир во женска конкуренција.
 
На истиот, покрај нашите шампионки ракометарките на Вардар, ќе настапат и екипите на Будуќност, Подравка, Лајпциг, Сахефов и Ростов.
 
На билетарницата во СЦ „Јане Сандански" се пуштени во продажба билетите за турнирите „Вардар". Цената на билетите за на трибини е 150 денари, а за ВИП-билетите изнесува 200 денари. Билетите се еднодневни, односно важат за два натпревара коишто ќе се играат во еден ден.
 
Доколку некој дојде после 19 часот и сака да го гледа само вториот натпревар, тогаш цената на билетот е 100 денари за ВИП делот и 75 денари за на трибина.
 
Распоред на натпревари
Сабота
18.00  Будуќност – Ростов 
20.00  ЖРК Вардар – Лајпциг 
Недела 
18,00  Савенхоф – Будуќност 
20,00  ЖРК Вардар – Подравка 
Понеделник 
18,00  Ростов – Савенхоф 
20,00  Лајпциг – Подравка 
Вторник 
16,00  за 5 место
18,00  за 3 место 
20,00  финале 

Ново на Сител