Се осветлуваат познатите пештери во пробиштипското село Лесново

Во пробиштипското село Лесново, каде што се наоѓа еден од најубавите манастири во земјава и недопрена природа интезивно се реализират два проекти значајни за развојот на туризмот, од кои едниот е осветлување на пештерите во кои живееле монасите.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека средствата од три милиони денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и земјоделството. Во моментов со овие средства се работи на изградба на летниковци, поставување на улично осветлување низ селото и изградба на јавни тоалети.
- Со вториот проект, кој што е добиен како донација од Швајцарската агенција за развој и соработка е во висина од околу еден и пол милион денари, од кои 450.000 денари се од буџетот на општина Пробиштип, а остатокот е како донација од Швајцарската Влада. Тоа е еден многу убав проект осветлување на пештерите, кои ги има во многу голем број овде на Лесново. Во далечното минато во овие пештери имало монаси, пред да се направи прекрасниот Лесновски манастир. Од овие пештери се ваделе и познатите воденичарски камења, кои што се разнесувале низ целата територија на Балканот, вели Тоневски.
Пештерите во Лесново ќе бидат осветлени до познатата голема кривина, од каде што се гледа целото поле на Пробиштип, Карбинци и на дел од Штип, а во непосредна близина на Лесновскиот манастир ќе се изградат летниковци и ќе се постави урбана опрема за оние кои доаѓаат на еднодневни излети.
Тоневски истакна дека Општина Пробиштип изработува и нов Детален урбанистички план за населеното место Лесново, а кој ќе се простира на површина од 50 хектари.
- Во многу блиска иднина ќе бидеме спремни да понудиме многу локации за различни намени. Најважно од се е што ќе можеме да направиме локации, на кои во иднина би требало да се изградат хотели, одмаралишта и други објекти кои ќе придонесат за успешен развој на туризмот во Лесново, рече Тоневски.
Првиот приоритет на општината во наредниот период ќе биде развојот на туризмот во познатото и преубаво село Лесново.
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
