-->
-->
Во Македонска Каменица финализирани инфраструктурни проекти
-->

Во Македонска Каменица завршува изградбата на неколку инфраструктурни проекти со средства обезбедени од буџетот на општината во висина од 15 милиони денари.
Како што истакна Васко Десподовски, портпарол на општина Македонска Каменица, денеска започна асфалтирањето на улицата „Ленинова“ која е дел од пообемната програма за изградба на улици и патишта во општината.
- Во наредниот период на подрачјето на општина Македонска Каменица ќе се финализираат неколку значајни проекти. Денеска се асфалтира целата улица „Ленинова“, откако беше претходно асфалиран кракот што ја поврзува оваа улица со улицата „Индустриска“. По оваа активност ќе следува асфалтирање и на улица „Пиринска“ и нејзино поврзување со улица „Церска“ со што целиот овој дел од Каменица, кај старата градска црква, ќе биде инфраструктурно уреден. Изградбата на овие улици беше приоритетен проблем и со негово решавање значително се подобруваат условите за живот за жителите од овој дел на Македонска Каменица, истакна Десподовски.
Тој потенцираше дека во моментов во Македонска Каменица се финализирани повеќе проекти.
- Општина Македонска Каменица со средства од општинскиот буџет, изгради плочест пропуст на патот што води од регионалниот пат за Саса кон селото Моштица. На овој начин трајно се решаваат проблемите на локалните жители, со кои тие се соочува при секое поголемо надоаѓање на водите. Општина Македонска Каменица во моментов работи на асфалтирање на неколку локални патишта во руралните средини, а паралелно на тоа, ќе се одвива и прочистувањето и рехабилитацијата на патиштата онаму каде што е потребно, рече Десподовски
Десподовски, исто така, додаде дека привршува и изградбата на Домот на културата.
- Изградбата на Домот на културата е во завршна фаза и најдоцна до крајот на овој месец, Македонска Каменица ќе го има еден од најубавите културни центри во Македонија. Овој објект целосно ги исполнува стандардите за оддржување различни културни настани и манифестации, а ќе има и неколку нови содржини. Веќе се подготвува и културна програма чија премиера е најавена за Нова година, рече Десподовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
-

Избрани најубаво украсената тераса, двор и ученички расказ во рамки на манифестацијата „Украсуваме по СКОПСКИ“
-

Пијан ја претепал партнерката, ја давел за вратот и скршил ребро и градна коска
-

АВМУ: Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутуберите да се регистрираат во Агенцијата
-

Повик до креативците да донираат дела за хуманитарната аукција на Фондацијата „Фросина Кулакова“
-

Прва посета на амбасадорката на Кина на Охрид
-

Мисајловски: Безбедноста во државата е на највисоко ниво
