Бизнис
31. October 2016 - 16:39

37 компании добиле халал сертификат

Сеуште е мал интересот кај компаниите за воведување на Халал стандарди. Иако од надлежната Агенција велат деке интересот расте, до крајот на мај годинава вкупно 37 компании се сертифицирале. Со ова фирмите  добиле можност да извезуваат на пазарите во исламските држави и да ја подобрат својата конкурентност. Државата веќе 4та година по ред субвенционира 70 отсто од трошоците што ги имаат фирмите кои вовеле ХАЛАЛ стандарди. Денес 6 фирми ги добија решенијата за финансиската поддршка.

Некои од правилата кои ги наметнуваат овие стандарди предвидуваат посебен начин на подготовка на храната, односно без свинско месо, алкохол и други состојки . 25 компании досега добиле субвенции од државата , за воведување на стандардите. За нив се потрошени средства во износ од пет милиони денари.

-Халал значи дозволено кај исламската религија, но пошироко значи квалитет на одреден вид производи и услуги. Светскиот пазар на халал се проценува на 650 милијарди долари, а европскиот околу 66 милијарди годишно и е најбрзорастечки со стапка на пораст од дури 40 отсто на годишно ниво. Во земјите од Западна Европа Халал е синоним за здрава храна, рече Кучи и посочи дека токму тоа треба да го искористат нашите компании што го воведоа овој стандард, изјави Дритон Кучи Министер за економија

Сертифицирањето ги чини компаниите од 1000 до 6000 евра. Договорот е со важност од 3 години, а сертификат им се издава секоја година. Со Халал стандардите можат да извезуваат на сите светски пазари а сертификатот е задолжителен во речиси сите исламски земји.