-->
-->
Намалена невработеноста во Крива Паланка и Ранковце
-->
Од 6.848 невработени лица во 2006 година во општините Крива Паланка и Ранковце, заклучно со септември годинава оваа бројка е намалена за 2.360 и изнесува 4490, информира Подрачната единица на Агенцијата за вработување.

Според официјалната статистика, бројот на невработени во двете општини во изминатата деценија е намален за 34,49 отсто, додека вработеноста е зголемена за 36,42 отсто.
- Во 2006 година во Крива Паланка и Ранковце вработени биле само 2.980 лица, а денес, заклучно со 12 септември. вработени се 4.070 лица. Овие бројки се променети благодарение на околу 30-тина активни мерки и политики од Оперативниот план на Владата, изјави раководителот на Центарот за вработување во Крива Паланка Грозде Ѓоргиевски.
Во 2015 година со проектот „Македонија вработува“ се вработени 435 лица.
- Од вработените лица лани, 172 се до 29 години, а 263 по категории, до 35 години, од 35 до 50, 50-58 и над 58 години до пензионирање. Во моментот трае проектот „Македонија вработува 2“, со кој се вработени 35 лица опфатени со 23 фирми од двете општини, дополни Ѓоргиевски.
„Македонија вработува“ почна на 15 мај 2016 и ќе трае до 15 мај 2017.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?