Гранатирана руската Амбасада во Дамаск
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека врз зградата на Амбасадата на Русија во Дамаск денеска биле истрелани две минофрлачки гранати.
- На 28 окотмври околу 15 часот по московско време терористите истрелаа две минофрлачки гранати врз комплексот на руската Амбасада во Сирија, се наведува во соопштението.
Како што јави ТАСС, при нападот нема жртви, но се оштетени четири возила во сопственост на руското дипломатско претставништво.
Министерството во соопштението неведува дека гранатите биле истрелани од реонот на Џобар, кој е под контрола на „антивладините сили“.
- Русија ќе стори се ораганизатроите и извршителите на нападот да ја добијат заслужената казна... Москва внимателно ќе ги следи меѓународните реакции на нападот, за да види кои од нејзините партнери ќе го осудат тероризмот, а кои ги штитат терористите и ги насочуваат на конкретни цели, се наведува во соопштението на руското Министерство.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати