-->
-->
Ден на баталјонот за воена полиција
-->
Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод одбележување на 29 октомври, Денот на баталјонот за воена полиција (бВП) од составот на Здружената оперативна команда (ЗОК).
Денот на единицата ќе се одбележи со соодветна програма и пригодни обраќања, доделување стимулативни мерки и тактичко-технички збор каде ќе бидат претставени материјално-техничките средства со кои располага единицата.
На свеченоста покрај командантот на ЗОК, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, ќе присуствуваат претставници од ГШ на АРМ, команданти на единиците лоцирани во касарната, поранешни и пензионирани команданти на единицата, претставници од цивилните структури и организации со кој единицата соработува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал