-->
-->
По 8.500 денари на сметката на секој вработен во Македонија
-->
Помалите фирми и оние кои имаат финансиски проблеми се уште не исплатиле регрес за годишен одмор, популарниот К-15. Имаат уште два месеца за да ја исполнат законската обврска пред да бидат казнети со вкупна глоба од околу 4.000 евра.
Регресот за годишен одмор, според законот е утврден на висина од најмалку 40% од основицата. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Додатокот К15 изнесува 8.500 денари.
Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.
Фирмите треба да побараат дозвола од работниците, односно нивни претставници доколку сакаат да исплатат понизок износ од утврдениот. При тоа треба да исполнуваат неколку услови, главно фирмата да има потешкотии во работењето, ценејќи ја нивната економско - финансиска состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?
-
Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
-
Турција ги прекина трговските односи со Израел
-
Северноатлантскиот совет ги осуди последните руски хибридни закани
-
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта