-->
-->
Иљараменди се врати во Сосиедад
-->
Асиер Иљараменди по две неуспешни сезони кои ги мина во мадридски Реал се врати во својот матичен клуб Реал Сосиедад. Реал го продаде Иљараменди за 17 милиони евра, со опција наредното лето да може да го откупи неговиот договор по истата цена.Иљараменди во јуни 2013 година стана најскапото шпанско засилување во историјата на Реал, откако ‘кралскиот клуб’ на Сосиедад му плати 32 милиони евра, но во две сезони на „Сантијаго Бернабеу“ тој имаше само епизодна улога.
„Многу сум среќен што се вратив дома, сакам да оствариме добри резултати во новата сезона“, рекол Иљараменди.
Иљараменди со Реал Сосиедад потпиша шестгодишен договор, а во старо новиот клуб на дресот ќе ја носи четворката.
Играчот од редот за врска дебито ќе го има в сабота пред домашната публика на „Аноета“ против Спортинг Хихон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србинот Дејан Мијатовиќ нов тренер на МЗТ Скопје
-

Мицкоски од Берлин: Македонија активно учествува во разговорите за глобалната безбедност и предизвиците во светот
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуваниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија Ибрахим Ал-Мади
-

Директорот на Мајкрософт: Вештачката интелегенција би можела да предизвика бројни проблеми
-

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во државата
-

Николоски - Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка
-

Полицијата во Белгија со помош на „ГТА 6“ ги предупредува младите: Играта не е вистински живот
-

Мицкоски: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација
